Кралицата Елизабета Втора му испрати на Пендаровски честитка по повод 8 Септември

Скопје, 3 септември 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими амбасадорката на Обединетото Кралство во земјава, Рејчел Галовеј.

На средбата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, се разговараше за досегашната поддршка од страна на Обединетото Кралство во справување со пандемијата на COVID-19 во различни сектори, политичката соработка меѓу двете земји, трговската размена, како и бројните британски програми за поддршка во Северна Македонија во областа на одбраната, доброто управување и владеење на правото.

-Соговорниците разговараа и за формирањето на новата Влада во контекст на фокусирање кон предизвиците од пандемијата, прилагодувањето на животот на граѓаните кон новата состојба и спроведување на потребните реформи во клучни области со цел продолжување на процесот на европска интеграција, како една од стратешките цели на Северна Македонија, се наведува во соопштението.

Амбасадорката Галовеј додаде дека во контекст на соработката во рамки на НАТО, ќе продолжи поддршката од британските колеги на рамноправна основа придонесувајќи кон колективната стабилност и глобалната безбедност.

Претседателот Пендаровски истакна дека билатералните односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство остануваат цврсти, притоа се заблагодари за долгорочната и постојана поддршка што Британија ја дава на земјава уште од нашата независност.

На средбата, амбасадорката Галовеј на претседателот Пендаровски му ја предаде и честитката од Нејзиното британско величество кралицата Елизабета Втора по повод 8 Септември, Денот на независноста.

-Ваша Екселенцијо, ми претставува посебно задоволство да Ви го честитам државниот празник, Денот на независноста, со најискрени желби и честитки за среќа и просперитет на народот на Република Северна Македонија, пишува Кралицата Елизабета Втора во честитката до Пендаровски.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе