Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо пристигна во Саудиска Арабија, пренесува Foot Mercato.
Според нивните сознанија, тој пристигнал во Ријад, домот на фудбалскиот клуб Ал Наср, со кого, како што се пишува со недели, ќе потпише договор до летото 2025 година со плата од 200 милиони евра по сезона.
Роналдо неодамна на заедничка согласност го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, а на разделбата со „Црвените ѓаволи“ и претходеше интервју во кое упати низа обвинувања на сметка на клубот и тренерот Ерик тен Хаг.
Португалскиот репрезентативец оваа сезона одигра 16 натпревари за тимот од Олд Трафорд и постигна три гола со две асистенции.
На Светското првенство во Катар постигна по еден гол на пет одиграни натпревари. По елиминацијата на Португалија во четвртфиналето на Мундијалот, Роналдо ја одржуваше формата тренирајќи во базата на Реал Мадрид.