Кристијано Роналдо се врати на тренинзите на Манчестер Јунајтед

Кристијано Роналдо денеска се врати на тренинзите со првиот тим на Манчестер Јунајтед и ќе биде во конкуренција за натпреварот од 5. коло во Лига Европа против Шериф.

Со ова, се чини, се реши проблемот откако одби да игра против Тотенхем.

На споменатиот натпревар Роналдо одби да влезе во игра во 85. минута, по што доброволно замина во соблекувалната, а откако беше нападнат од сите навивачи на овој клуб, менаџерот Тен Хаг го пречкрта и го исфрли од првиот тим и конкуренцијата за натпреварот против Челси.

Потоа рече дека последиците од ваквото однесување мора да бидат големи и Роналдо беше префрлен да тренира со младинците од Олд Трафорд, но сè беше многу брзо решено и Роналдо беше вратен во тимот.

Медиумите во Англија пишуваат дека двете страни го решиле проблемот откако разговарале и дека сега повторно сè е во ред меѓу нив, иако не се знае дали тоа значи дека Роналдо би можел да се врати во стартниот тим, и за натпревари од Лига Европа, и за оние во Премиер лигата.

Медиумите во Англија претходно пишуваа дека Роналдо речиси сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок и дека моментално прв и најголем фаворит за да го доведе е Челси.

Следниот натпревар Манчестер Јунајтед го игра против Шериф во четврток со почеток од 21 часот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе