Кривични пријави за наставници од ОУ „Кузман Шапкарев” кои издале лажни свидетелства

Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против В.Н. (56), вработена во ОУ „Кузман Шапкарев” во населба Драчево, која, злоупотребувајќи ја својата службена положба, овозможила изготвување свидетелства за четири ученици отселени од земјава.

Според МВР, В.Н. поттикнала наставници и одделенски раководители да не ги запишуваат учениците како отустни од настава, а на одржаните наставнички совети да изгласаат нивно оценување врз основа на што била изготвена целокупна педагошка евиденција со невистинита содржина.

Кривични пријави се поднесени и против наставниците, вкупно 20, кои во својство на службени лица, под влијание на В.Н. ги извршиле незаконските дејства. Станува збор за П.И. (46), Н.Д.Б. (63), С.Л. (57), М.М. (54), П.Б. (39), З.А.Ѓ. (45), В.А. (41), С.А. (41), Г.С.А. (45), С.Ц. (57), Д.Ц. (39), М.Д. (45), Г.Ј. (53), Б.К. (39), М.В. (51), Б.Н. (37), Т.Г. (39), Р.С. (61), С.С.М. (41) и Л.С.П. (58) сите од Скопје, вработени во ОУ „Кузман Шапкарев”. Сите се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување исправа”.

– Првопријавената во текот на учебната 2018/2019 година, со цел да им прибави корист, односно да им овозможи да се здобијат со свидетелства за завршена учебна година на четири ученици од училиштето кои подолг временски период во текот на учебната година биле надвор од државата и не присуствувале на настава, ги поттикнала и влијаела кај останатите горепријавени, предметни наставници и одделенски раководители, на одржаните наставнички совети да изгласаат оценување на отсутните ученици, врз основа на што била изготвена целокупна педагошка евиденција со невистинита содржина. Пријавените наставници, исто така во својство на службени лица, под влијание на првопријавената, иако знаеле дека четворицата ученици се отселиле од Македонија, односно не доаѓале на настава во соодветните паралелки, не ги запишувале (евидентирале) учениците како отустни од настава во евиденцијата на паралелките и извршиле фиктивно оценување на учениците за периодот додека биле отсутни, со што ги пречекориле своите службени овластувања и овозможиле изготвување на Свидетелства за завршена учебна година, наведува МВР.

Државниот просветен инспекторат до МВР достави Известување според кое на 02, 05, 08 и 12.07.2019 година е извршен вонреден инпсекциски надзор во „Кузман Шапкарев“, по претставка од Општина Кисела Вода, при што се констатирани повреда во постапката за водење на педагошката евиденција и документација, како и повреда со неевидентирање на изостаноците на учениците кои биле отсутни подолг временски период.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Хроника

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Read more

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе