Крокодил усмрти костарикански фудбалер

Морничава вест доаѓа од средноамериканската држава Костарика, каде крокодил уби фудбалер.

Костариканскиот фудбалер Хесус Алберто Лопес Ортис почина во својата татковина откако беше убиен од крокодил. Станува збор за фудбалер на нисколигашот Депортиво Рио Кањас, кој пливал во реката Кањас, токму онаа по која е именуван клубот во кој настапува, а во таа прилика бил нападнат од крокодил и немал шанса да се одбрани.

За жал, луѓето кои не биле далеку од местото на немилиот настан не можеле да го одбранат ниту да го сопрат крокодилот, кој потоа продолжил да го влече телото на фудбалерот низ вода, се разбира со намера да го изеде. На крајот полицијата се појавила, го застрелала крокодилот, па го извлекла телото пред да биде целосно уништено, што е мала утеха во неверојатната трагедија што го снајде семејството Лопес.

„Драги пријатели, шокирани сме да ве информираме дека почина нашиот играч Хесус Алберто Лопес Ортис, познат како Чучо. Почивај во мир Чучо“, објави неговиот клуб Депортиво Рио Кањас на социјалните мрежи, додека пораките со сочувство стигнуваат до неговото семејство. Фудбалерот зад себе ги остави сопругата и детето.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Видеото на кое се гледа како крокодилот го држи телото на фудбалерот во вилиците е вознемирувачко и однапред ве предупредуваме дека не е за оние со слаб стомак.

URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе