ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2021

Куаљарела го одби Јуве со изговор „Форца Самп“

Напаѓачот ветеран не сака да се врати во Јувентус и јавно ѝ објави верност на Сампдорија.

Шпекулациите дека Фабио Куаљарела ќе го засили во Јувентус паднаа во вода откако самиот играч објави дека не сака да си оди од својата Сампдорија.

Италијанските медиуми велат дека Андреа Пирло е во потрага во напаѓач кој ќе ја збогати конкуренцијата за ротација во нападот, а на листата на желби се нашол и ветеранот од Сампдорија кој од 2010 до 2014 играше за Јуве и на 102 натпревара постигна 30 голови.

„Ако си дал многу и за возврат си добил уште повеќе, ако секој пат чувствуваш емоции кои ти чукаат в гради, тоа кажува дека постои врска поцврста од сѐ, која е многу поголема од ласкави додворувања, која на страна ги става шпекулациите и ја почитува историјата. Јас мислам, живеам и играм на овој начин. Форца Самп“, напиша Куаљарела на својот Instagram профил.

На свои 37 години тој е најдобар стрелец на Сампдорија сезонава со 7 голови на 14 натпревари, а ја игра шестата сезона во клубот од Џенова. Претходно настапуваше и за Торино, Асколи, Удинезе и Наполи.

Јувентус се поврзува и со Оливје Жиру од Челси и Грациано Пеле од кинескиот Шандон Лунен Таишан. Останува да видиме кој напаѓач ќе ја засили „Старата дама“ зимава.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе