Кучето на Џо Бајден повторно гризна човек во Белата куќа

Кајгана/МИА
/ 31.03.2021 / 09:08

Германскиот овчар Мејџор, сопственост на американскиот претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил, повторно касна човек, потврди Мајкл Лароса од Белата куќа.

Немилиот настан се случил на јужниот тревник на Белата куќа во понеделникот вечерта, при што бил повреден вработен во Националниот парк.

– Да, Мејџор гризна човек и тој беше прегледан од Медицинската служба во Белата куќа. Жртвата не е сериозно повредена и се врати на работа, изјави Лароса.

Според него, кучето на претседателскиот пар „сè уште се навикнува на новата средина“. Претседателот на САД и неговата сопруга имаат две овчарски кучиња – Чемп, кое има 13 години и тригодишното куче Мејџор.

Двете кучиња влегоа во Белата куќа неколку дена откако Бајден ја презеде функцијата претседател во јануари. На почетокот на март, откако Мејџор нападна чувар на Белата куќа, кучињата беа испратени во семејната куќа на претседателскиот пар во Делавер. Во Вашингтон се вратија пред една седмица.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Живот

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе