Тимот на Screen Junkies го претстави својот искрен трејлер за култниот воен филм од 1998 година.
„Saving Private Ryan“, во режија на Стивен Спилберг, ја прати спасувачката мисија предводена од капетанот Џон Милер (Том Хенкс) која има задача во Нормандија за време на Втората светска војна да го најде војникот Џејмс Рајан (Мет Дејмон). Причината поради која е оваа потера е фактот што тројцата браќа на Рајан загинале во војната, на различни страни, па целта е да го врата дома за родителите да не останат без ниту едно свое чедо.
Во филмот глумат и Вин Дизел, Адам Голдберг, Том Сајзмор, Едвард Брнс, Бери Пепер, Џовани Рибси и Џереми Дејвис. Сценариото е на Роберт Родат.
Со буџет од 70 милиони долари, филмот оствари заработка од 485 милиони, што е профит од цели 415 милиони долари.
Беше номиниран за Оскар во 11 категории, а освои 5 и тоа за најдобра кинематографија, најдобар звук, најдобри звучни ефекти, најдобра монтажа и за надобра режија, што за Спилберг беше втора таква награда во оваа категорија.