КУП НА МАКЕДОНИЈА 2022/2023

Куп жрепка: Силекс кај Струга, Лавовите во Тетово

Филип Здравески
/ 14.03.2023 / 13:59

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска беше извршена полуфиналната жрепка за Купот на Македонија.

Фото: ФФМ

Иако полуфиналистите беа познати уште во ноември, ФФМ чекаше дури до денеска за да ја направи жрепката.

Со оглед на тоа што се игра само еден натпревар без реванш, може слободно да се каже дека фортуната беше наклонета кон екипите на Струга и Шкендија, бидејќи беа извлечени да бидат домаќини.

Лидерот во 1.МФЛ за противник го доби ланскиот финалист и трикратен освојувач Силекс, додека Шкендија ќе му биде домаќин на бранителот на тронот, екипата на Македонија ЃП.

Полуфинални двојки:

Струга - Силекс
Шкендија - Македонија ЃП

Интересно, но ваквата жрепка може да резултира во финалето да се сретнат истите два клуба кои го сочинуваа и минатосезонското финале, Македонија ЃП и Силекс. Се разбира, доколку на гостински терен успеат да ги елиминираат своите противници.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 5 април (среда).

Од четирите полуфиналисти единствено Струга нема играно финале, додека останатите три имаат и куп титула (Силекс 3 титули, Македонија ЃП и Шкендија по 2).

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе