Квентин Тарантино сака Брус Вилис да игра во неговиот последен филм

Според The Daily Express, наградуваниот режисер, кој моментално работи на филмот The Movie Critic, сака да му даде на Вилис мала улога.

Ова не би било прв пат двајцата да работат заедно. Тие соработуваа во култниот Pulp Fiction во 90-тите. Три децении подоцна, Тарантино сака да му оддаде последна почит на славниот актер.

„Квентин сè уште не разговарал со семејството на Брус, но ќе ги почитува нивните желби доколку кажат дека е премногу болен“, рекол извор од продукцијата, цитиран од Unilad.

Remote video URL

Дејството во претстојниот филм, за кој Тарантино рече дека ќе му биде последен, ќе биде сместено во доцните 70-ти во Јужна Калифорнија. Ако Вилис не може да учествува, Тарантино наводно има намера да вметне краток клип од еден од неговите претходни филмови во филмот.

Тарантино веќе две децении успева да ги привлече најпосакуваните актери, работејќи со Леонардо Дикаприо и Бред Пит по два пати. Тој го режираше Кристоф Валц во улоги што му донесоа два Оскара на актерот, а Семјуел Л. Џексон му е чест соработник. Ако ова навистина е неговиот последен филм, нема да му недостигаат актери кои би одбиле сè за да добијат улога кај него.

Да потсетиме, на Брус Вилис (67) во март годинава му беше дијагностицирана афазија, по што неговото семејство објави дека тој се повлекува од светот на актерството поради здравствени проблеми. Афазијата е болест предизвикана од оштетување на мозокот што резултира со оштетување на когнитивните функции. Ова може да доведе до тоа засегнатите луѓе да развијат проблеми со зборувањето, пишувањето, читањето и разбирањето на јазикот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Филм & ТВ

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more
 

Сцена

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе