Лани во Грција имало речиси половина милион посетители од Северна Македонија

МИА
/ 13.08.2022 / 10:31

Со нешто помалку од половина милион посетители, Северна Македонија е на 11-то место меѓу топ 15 земји со најголем број посетители во Грција за 2021 година, согласно анализата на Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

Под наслов „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци од Банката на Грција за туризмот минатата година, а поконкретно се фокусира на бројот на туристи во секој од 13-те грчки региони.

Првите 15 земји со најголем број посети и посетители на Грција се: Германија, Обединето Кралство, Франција, Италија, Бугарија, Полска, Романија, Холандија, САД, Кипар, Северна Македонија, Швајцарија, Австрија, Србија и Белгија.

Конкретно за Северна Македонија, минатата година, бројот на посетители е речиси двојно помал (за 49,4 %) во споредба со 2019 година, односно 479.000 посетители лани, наспроти 948.000 пред три години.

Во 2019 имало 962.000 посети од нашата земја, наспроти 480.000 посети лани, а мнозинството посети се во северниот дел на Грција.

Согласно податоците и анализите, нашата земја е непроменета на 11-та позиција. Од земјите од регионот, пред нас е Бугарија, на 5-то место, а зад нас Србија на 14-то место.

– Во 2021 година во Грција беа реализирани вкупно 16.376.000 посети во 13-те региони на земјата, што покажува намалување од 55,3% во однос на 2019 година кога имаше 36.643.000 посети. Бројот на посети е поголем од бројот на посетители кој во 2021 година изнесувал 31.348.000, бидејќи еден посетител може да посети повеќе од еден регион при своето патување во Грција, пишува во анализата.

Топ три земји со најголем број посети и посетители се Германија, на првото место со 3.001.000 посетители, Обединето Кралство со 1.591.000 и Франција со 1.175.000 посетители.

Доколку се направи споредба на податоците од 2021 година, со оние од 2019 година, најголем пад, за 80,4% има кај посетителите од Бугарија.

Намалениот број посетители од Северна Македонија во текот на минатата година веројатно се должи на тоа што границите беа отворени на средината на мај и за патување потребен беше документ за COVID-19, односно сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен тест од ПЦР или рапид тест.

Во однос на перифериите, што е и предмет на анализата, најпосетени се островите во јужниот дел на Егејското море, втор е Крит, а потоа следи централниот дел од Северна Грција - регионот во кој спаѓаат Солун и Халкидики, каде што посетителите од Северна Македонија се меѓу првите три земји.

– На трето место е регионот Централна Македонија со 2.934.000 посети, а најголем дел од посетите се од Бугарија (529.000). Потоа следат посети од Германија (480.000) и Северна Македонија (461.000), пишува во анализата.

Сепак, иако Северна Македонија е меѓу првите три земји по бројот на посети во конкретниот регион, сепак не е во топ трите држави според бројот на ноќевања и според направените трошоци за време на престојот.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more
 

Ново

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

(Видео) Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе