Le Parisien: Мбапе му заби нож во грб на ПСЖ

Килјан Мбапе (24) го шокираше ПСЖ. Со писмо го известил клубот дека не сака да го продолжи договорот кој трае до летото 2024 година. Француските медиуми пишуваат дека Насер Ал-Хелајфи, претседателот на ПСЖ бил „запрепастен и ужаснат“. Најмногу бил лут што Мбапе на таков начин решил да му ја соопшти одлуката.

Поради две причини. „Тој не разбира како можеше да му го направи тоа на ПСЖ, кој направи толку многу за него и сметаше на него за иднината. Особено е огорчен што тоа го направи во писмена форма“.

„Мбапе му се обраќа на клубот со официјално писмо. Како да е странец, а не легенда на клубот и најплатен играч“.

Le Parisien открива дека во клубот биле бесни што Мбапе го испратил писмото по изјавата на претседателот на Реал, Флорентино Перес: „Мбапе доаѓа во Мадрид“.

„Мбапе ни заби нож во грб“, пишува Le Parisien, повикувајќи се на извори од клубот.

„Во ПСЖ се збунети што Мбапе им се обратил со официјално писмо бидејќи таков начин на комуникација помеѓу клубот и нивниот најдобар и најплатен играч е непотребен. Шокантно е што писмото прво го испрати до медиумите, а потоа и до ПСЖ. Можел прво нив да ги извести, но реши да не го прави тоа. Се однесува како да не е во клубот со години“, пишува The New York Times.

Мбапе е во ПСЖ од 2017 година, кога дојде на позајмица од Монако. Една година подоцна беше купен за 180 милиони евра. Оттогаш одигра 260 натпревари за клубот, постигна 212 гола и забележа 98 асистенции.

Минатиот мај тој го продолжи договорот до 2024. ПСЖ му плаќа 1,4 милиони евра неделно. Мбапе во Париз има годишна бруто плата од 72 милиона евра.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе