Легендарната BMW Серија 5 првпат и „на струја“

Осмата генерација стапува на сцена половина век откако првата Серија 5 ја виде светлината на денот.

Во меѓувреме, многу работи се сменија, но BMW Серија 5 беше и останува мерка на спортска елеганција, без оглед на паралелите и меридијаните на кои вози. Така и останува, но сега „на струја“.

I5 пристигна, а тоа е најголемата новина што ја носи генерацијата G60/G61. Уште подобра вест е дека караванскиот Touring останува во игра. И ако ги споредиме BMW и Mercedes, Баварците се потрудија за уште едно изненадување. Имено, ако очекувавте Серија 5 како намалена серија 7, сте се излажале, затоа што Серија 5 има уникатни карактеристики. И добрите вести не застануваат тука, бидејќи осветлената маска не доаѓа стандардна, туку само како опција.

Она што на некои нема да им се допаѓа на некои е дека терминот Angel Eyes дефинитивно влегува во историјата. Тој исчезна со редизајнот, а сега е сигурно дека BMW избира нов потпис на дневни светла со вертикални елементи. Нова е графиката и назад каде доминираат хоризонтално развлечени светла. И сè со една цел – повторно да се постигне елегантен автомобил.

Новата Серија 5 порасна во сите правци. Должината надминува пет метри (5,06 м, + 97 мм), а плус во ширина и висина е околу три инчи (+32/36 мм). Исто така, зголемено е растојанието помеѓу осовините за скоро три метри. Импресивно.

Приказната за ентериерот овојпат започнува со багажник со капацитет од 520 литри на бензинецот и хибридот, и 490 л на i5. Да, растот на димензијата не го зголеми трупот кај верзиите на фосилни горива, туку го намали за 10 l. Кај хибридот, пак, 520 литри означуваат раст од 100 литри. Затоа, кабината е поудобна, и секако визуелно ги следи сите денешни трендови - минимум копчиња и максимален екран. Треба да се нагласи и  побогатата стандардна опрема како што е прилагодувањето на електричното седиште, но задржувањето на iDrive контролорот.

Пазарното деби го означуваат две електрични изведби: послабиот Edrive 40 со 340 КС и 400 Nm и мотор назад, како и M60 со 601 КС, 820 nm и погон на сите тркала. Послабата има досег од 582 км, посилната 516 км. Тие се компатибилни со полначи до 205 kW. И многу се побрзи: Послабата стигнува од о до 100 км/час стигнува за 6, а помоќната за само 3,8 секунди. Максималната бризна е ограничена на 230 км/час.

Класичните мотори на фосилни горива доаѓаат исклучиво во електрифицирани изведби. Влезниот 520 го придвижува дволитарски бензинец, а зборуваме за 190 КС. Дизелот дава 7 КС повеќе.

Конечно, постојат два плаг-ин хибриди со 299 и 489 КС. Тие имаат батерија од 19,4 kWh и досег од 97, односно 102 км. Во иднина се очекуваат и М5 наводно со хибриден погон и околу 750 КС.

BMW Серија 5 започнува со цена од 57.550 евра за 520i, или 70.200 евра ако зборуваме за i5. Првите испораки ќе почнат наесен, а хибридите пристигнуваат напролет во 2024 година.

Remote video URL
Тагови
реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Read more

Како се снимаше Lord of the Rings

Read more

Авто новости

Topolino е најмалиот електричен автомобил на FIAT

Read more

Citroën го претстави хибридниот C5 Aircross

Read more

Светски рекорд: Електричен автомобил помина 2000 километри без застанување

Read more

Пресметката е јасна: Еуро 7 ги поскапува автомобилите за 2.000 евра

Read more
 

Автомобили

Topolino е најмалиот електричен автомобил на FIAT

Читај повеќе
  • filter

Citroën го претстави хибридниот C5 Aircross

Читај повеќе
  • play_arrow

Светски рекорд: Електричен автомобил помина 2000 километри без застанување

Читај повеќе

Пресметката е јасна: Еуро 7 ги поскапува автомобилите за 2.000 евра

Читај повеќе

Што означуваат зелените ленти што се појавија на патиштата во Словенија?

Читај повеќе

Tesla Model Y е најпродаван автомобил во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Читај повеќе

Загадувањето од гумите е голем проблем - која е алтернативата?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Aston Martin го претставува DB12 – разочарување на повеќе полиња

Читај повеќе