Легендарниот УФЦ борач не сака да влезе во Куќата на славните: Дајте ми пари

Легендарниот ММА борач и поранешен УФЦ шампион Квинтон Џексон изјави дека не сака да влезе во Куќата на славните, иако без сомнежи таму му е местото.

Џексон има 43 години и во тој спорт е од 1999 година, ги мина сите најсилни организации. Во кариерата има 52 борби од кои 38 победи (20 со нокаут), а врвот на кариерата му беше во 2007 година кога го освои УФЦ појасот во полутешка категорија, со нокаут над Чак Лидел.

Иако официјално кариерата уште не му е завршена и покрај тоа што последната борба му беше пред две години, тој моментално нема договор со ниту една организација. Сепак, УФЦ има намера да го инаугурира во Куќата на славните.

Тој ја одбива таа идеја  и вели дека тоа воопшто не му е важно.

„Воопшто не сакам да влезам во Куќата на славните на УФЦ, не ми е ни важно. Не се борам за да бидам член во Куќата на славните, ниту за да бидам славен. Почнав да се борам за да можам да си ги плаќам сметките. Дајте ми пари. Наградете ме на тој начин“, порача директно тој.

Притоа објасни дека ММА борачите не се како бејзбол играчите или рагбистите бидејќи не добиваат пензија и слични работи.

„Тие влегуваат во Куќата на славните и им се исплаќаат пензии и слични работи. Имам многу повреди здобиени заработувајќи пари за УФЦ и продавајќи им влезници. Зошто би ме интересирало влегувањето во Куќата на славните?“, порача Џексон.

И ја кажува вистината, има донесе многу пари во УФЦ, станува збор за над 4 милијарди долари. Само од борбата во 2010 година против Рашад Еванс инкасира повеќе од милион долари.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Останати спортови

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе