Американската пејачка и актерка Лејди Гага е ѕвезда на декемвриското издание на британската и италијанската верзија на магазинот Vogue, овој пат позирајќи гола. Во интервјуто таа откри и детали за снимањето на филмот „House of Gucci“.
Првпат во историјата иста личност е на насловната страница и на британската и на италијанската верзија на познатото списание, а фокусот на интервјуто беше насочен кон филмот „House of Gucci“.
Лејди Гага за насловната позираше во различни изданија, италијанската верзија го прикажува нејзиното лице одблизу, додека за британската е облечена во долга сребрено-црна тоалета.
На една од фотографиите пејачката лежи додека позира без облека, а со рацете ги покрива облините.
Филмот е во режија на Ридли Скот, а во него го претставува своето видување за едно од најстрашните злосторства во светот на славните. Лејди Гага се појавува во улогата на Патриција, позната и како Црна вдовица, прогласена за виновна и осудена на 29 години затвор поради ангажирање на убиец за убиството на поранешниот нејзин сопруг Маурицио Гучи.
Вдовицата во март изјави дека е изнервирана затоа што Лејди Гага не се консултирала со неа пред толкувањето на улогата.
Лејди Гага во интервјуто зборува за искуствата од сетот, но исто така јавно откри дека имала психолошки проблеми да се одвои од ликот што го толкува по завршувањето на снимањето.
Минала повеќе од една година истражувајќи за Црната вдовица, читала весници и гледала снимки, но не ја прочитала книгата на Сара Геј Форден „The House of Gucci: Sensational Story of Murder, Madness, Glamour, and Greed“, според која и филмот е базиран.