Лековите против болки за време на бременоста може да создадат компликации

Шансите жените кои користат лекови против болки во текот на бременоста да развијат компликации се за 50 отсто поголеми од оние кои не користат, покажа студијата.

Истражувачите од Универзитетот во Абердин откриле дека кај жените кои користеле лекови против болки како парацетамол и ибупрофен, имало повеќе случаи на предвремено породување, неонатална смрт, физичко оштетување на фетусот и мртвородени деца.

До 80 проценти од трудниците пијат лекови против болки

Околу 30 до 80 проценти од жените ширум светот пијат лекови против болки за да ги ублажат симптомите што може да се појават за време на бременоста, како што се грип, треска или ревматски состојби.

Во период од 30 години, биле следени бременостите на повеќе од 151.000 жени, а истражувачите ги анализирале медицинските податоци на оние кои пиеле пет вообичаени лекови против болки - парацетамол, ибупрофен, аспирин, диклофенак и напроксен.

Податоците покажаа дека бројот на жени кои пиеле лекови против болки за време на бременоста се удвоил помеѓу 2008 и 2015 година.

Иако регулаторите велат дека парацетамолот е безбеден за бремени жени, тие предупредија дека нестероидните антиинфламаторни лекови (NSAR) како што се ибупрофен и аспирин не треба да се земаат по 30-тата недела од бременоста.

Научничката Аикатерини Зафеири од Универзитетот во Абердин рече дека идните мајки секогаш треба да бараат лекарски совет пред да земат лекови без рецепт.

„Со оглед на она што го откривме во истражувањето, леснотијата на пристап до лекови без рецепт, во комбинација со мноштво информации и дезинформации на интернет, е причина за загриженост“, рече Зафеири.

„Ова особено важи за одлуките за земање лекови за време на бременоста без совет од лекар“, додаде таа.

„Треба да се предупреди дека земањето парацетамол во комбинација со NSAR е поврзано со поголем ризик од компликации, така што бремените жени секогаш треба да бараат совет од лекар или акушерка пред да земаат лекови без рецепт“, тврди таа.

Сметаме дека е исклучително важно што повеќе стручни совети им се достапни на трудниците“, заклучи таа.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе