ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Лестер го среди Лидс и се врати на второто место

По типично англиски дождливо време „Лисиците“ со 4:1 го преслушаа Лидс и се вратија на второто место на табелата зад лидерот Ливерпул.

Барнс го отвора резултатот

Одличен натпревар синоќа одиграа Лидс и Лестер кои го затворија 7. коло во Премиер лигата. Уште на стартот домашните промашија колосална шанса кога Патрик Бамфорд од петерецот со глава биеше само во Каспер Шмајхел.

Се играше 2. минута, а казната веќе стигна: додека гледачите покрај малите екрани ја гледаа повторената снимка од промашувањето на Бамфорд, Шмајлел со дегажман ги прати своите во контра која резултираше со одлична асистенција од Џејми Варди за Харви Барнс кој донесе водство.

Во 21. минута веќе Лестер поведе со 0:2. Варди биеше со глава, голманот Илан Меслие одбрани, а на одбиената топка налета Јури Тилеманс кој ја затресе празната мрежа.

Тилеманс по голот за 0:2

Домашните се вратија во игра само три минути откако почна вториот дел. Стјуарт Далас нафрли во гостинскиот шестнаесетник, сите играчи ја промашија топката и таа на изненадување на Шмајхел заврши во мрежата.

Топката од Далас која сите ја промашија

На 1:3 во 76. минута зголеми Варди откако Џенгиз Ундер одлично го проигра, а конечниот резултат го постави Тилеманс од пенал во судиското надополнување откако Полјакот Матеуш Клих го фаулираше Џејмс Медисон на работ на шестнаесетникот.

Варди погодува за 1:3

Во меѓувреме, во 81. минута во игра влезе и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски кој имаше еден блокиран удар.

Алиоски го брка Ундер

Со новата победа Лестер има 15 бодови, само еден помалку од лидерот Ливерпул, додека Лидс е 12-ти со 10.

Remote video URL
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе