Направете лесна верзија од популарното јадење, но без месо, за лесен ручек во летните горештини.
Оризот со јајца и зеленчук можете да го јадете како самостоен оброк или да го служите како додаток со месо, риба или салата. Брзо се прави, а има убав вкус.
Потребни состојки:
- 2 шолји ориз
- 4 шолји булјон (пилешки или од зеленчук)
- 2 лажици путер (или масло)
- 1 кромид
- 2 чешниња лук
- 1 морков
- 1 црвена пиперка
- 1 шолја грашок
- сол
- бибер
- магдонос (опционално)
Подготовка:
Измијте го оризот неколку пати во ладна вода додека истата не биде бистра. Исцедете го и оставете го на страна. Во широко тенџере загрејте путер или масло на средна температура. Додадете исечкани лук и кромид и динстајте ги неколку минути додека не добијат стаклена боја. Потоа додадете ги на коцки исечканите морков и пиперка, како и грашокот. Динстајте уште неколку минути додека зеленчукот не омекне. Додадете го оризот и измешајте го за да се соедини со зеленчукот. Прелијте булјон над сето тоа и посолете и побиберете по вкус. Измешајте убаво.
Намалете ја температурата, ставете капак и гответе околу 15-20 минути, или додека оризот не се свари и не ја впие течноста. Сварете ги јајцата, да бидат тврдо варени, излупете ги и исечкајте ги на парчиња. Кога оризот ќе биде готов, сервирајте го во чинии и послужете со парчиња јајца одозгора. Посипете со ситно сечкан магдонос.