Левандовски: Џабе сум играл и повреден, и болен за Баерн

Грдо ќе завршат феноменалните осум години на Роберт Левандовски во Баерн.

По 375 натпревари, 344 гола, 72 асистенции и освојување на сите трофеи, тој јавно се кара со клубот затоа што сака да оди во Барселона, а Баерн не му дозволува. Поточно, клубот не сака да го спушти обештетувањето под 50 милиони евра фиксно, а Левандовски и Барселона сметаат дека со оглед на неговата возраст (наскоро ќе има 34 години), заслугите во Баерн и фактот што договорот му завршува следното лето, тој заслужил да си замине со помал надомест.

Пред една недела Баерн ја одби третата официјална понуда на Барселона, иако таа беше повисока од претходните две. Сепак, 40 милиони евра фиксно, но на рати, и 5 милиони евра евентуално, доколку се исполнат условите поврзани со бонусите, во Баерн се сметаат за недоволни. Bild и Фабрицио Романо пишуваат дека Баерн би прифатил најмалку 50 милиони евра, но фиксно.

Левандовски е револтиран од односот на Баерн:

„Откако поминав толку многу години во клубот и секогаш бев подготвен и достапен, и покрај повредите и болките, и секогаш давав максимум, единствената вистинска работа би било да се најде решение за двете страни, а не да се инсистира на еднострано. Едноставно нема смисла, не после сите овие години.

Би разбрал ако бев во Баерн две или четири години, но по толку трофејни години во кои помогнав да се победи, секогаш подготвен и со волја, почитта и лојалноста мора да бидат поважни од бизнисот.“

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе