Левандовски: Се чувствувам како дете со нова играчка

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски во интервју за Marca уште еднаш им се извини на сите фанови на Баерн за напуштањето на клубот, додавајќи дека сега се чувствува како дете со нова играчка.

Левандовски со цело срце сакаше да го напушти Баерн и кариерата да ја продолжи во Барселона, а иако клубот на почетокот му ја затвори вратата и бараше 50 милиони евра од шпанскиот клуб, на крајот челниците на тимот од „Камп Ноу“ ја платија бараната сума и на тој начин беше обезбеден потписот на овој фантастичен напаѓач.

„Знам дека моето заминување погоди многу фанови, тоа можам да го разберам и за тоа сакам уште еднаш да се извинам. Беше важно и неопходно да сфатам дека сум подготвен за промена. На крајот, сите сме луѓе. По 12 години во Германија ми стана јасно дека моето време истече. Ситуацијата беше тешка за сите и моравме да ја најдеме најдобрата опција“, изјави Левандовски.

После тоа, тој вели дека многу му била потребна промена.

„Ми требаше промена, ми требаше патување во друга земја и друг клуб. Сега се чувствувам како дете со нова играчка“, изјави Левандовски.

Левандовски во изминатите 8 сезони во дресот на Баерн постигна 344 голови на 375 натпревари.

Во изминатите две сезони беше најдобар стрелец во Европа и добитник на Златната копачка, а ФИФА го прогласи за најдобар играч во светот во изминатите две сезони.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе