Левица до ОЈО поднесе иницијатива за забрана на бугарскиот клуб Ванчо Михајлов

Политичката партија Левица денеска објави дека поднела иницијатива до Основното јавно обвинитрелтсво во Битола за забрана на бугарскиот културен џентар кој го носи името на колаборатотот на фашистите, Ванчо Михајлов.

„Епидемијата на неофашистички здруженија кои никнуваат на територијата на Македонија, под покровителство на пробугарските СДС и ДУИ, кои имаат за цел да провоцираат и промовираат фашистички и асимилаторски вредности, мора да запре! До Основното јавно обвинителство во Битола Левица поднесе Иницијатива за забрана на работата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ - Битола, повикувајќи се на член 65 од Законот за здруженија и фондации“, објави партијката, која во македонскиот Парламент има два пратеника.

Во прлог целосната објава на Левица за покренувањето на инцијативата и мотивот за истата:

„Во Статутот на Здружението Културен центар 'Иван Михајлов' Битола, донесен на Основачкото собрание на здружението на седница одржана на 12 март 2019 година, се појаснува дека мисијата на Здружението  е промоција на животот, идеологијата, рехабилитирање и осветлување на ликот и делото на Иван (Ванчо) Михајлов.

Неспорно е дека на граѓаните на РМ им се гарантира слободата за здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. Меѓутоа, јасни уставни и законски одредби ги определуваат границите на остварување на оваа слобода. 

Со своите програмски цели и теренски активности за промоција на идеологијата и рехабилитирање на ликот и делото на Иван Михајлов, дејствувањето на Здружението е насочено токму кон разгорување на национална омраза и нетрпеливост, преземајќи активности кои се спротивни на Уставот и закон и се повредуваат слободите и правата на други лица.

Ноторен историски факт е дека според идеологијата на Иван Ванчо Михајлов, македонската нација и јазик не постојат! Здружението ја промовира оваа идеологија за промена на националната свест на македонскиот народ и во своите простории има поставено цитат од Иван Михајлов, во оваа насока. 

Дејствувањето на Здружението е насочено кон негирање на слободите и правата на македонскиот народ за слободно изразување на националната припадност. Дополнително, Здружението на социјалните мрежи редовно објавува натписи со содржина со која разгорува национална омраза.

Рехабилитацијата на ликот и делото на Иван Михалов, кој светската историографија го смета за докажан соработник на Хитлер, е рехабилитација и глорификација на фашизмот и нацизмот - потикнувајќи чувство на национална и верска омраза и нетрпеливост кон еврејската заедница во Македонија.

Очекуваме Основниот суд, во итна постапка, да донесе решение со кое се прифаќа во целост предлогот на Основното јавно обвинителство Битола и се забранува работата на Здружението Културен Центар 'Иван Михајлов' - Битола“.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе