Левица на Уставен го оспори контроверзното Упатство за радиодифузери на АВМУ

Претседателскиот кандидат проф. Билјана Ванковска и политичката партија Левица синоќа поднесоа Иницијатива за оценка на уставноста и законитоста против Упатството за радиодифузери на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги за претседателските и парламентарните избори, со барање на изрекување итна времена мерка за запирање на извршување на овој скандалозен подзаконски акт.

„Сметаме дека АВМУ излегува надвор од границите на Уставот и на Изборниот законик, произволно толкувајќи ги одредбите од истиот директно на штета на нашиот потврден претседателски кандидат – оневозможувајќи го и ускратувајќи му го правото на еднаков пристап до медиумите и избалансирано медиумско претставување, со тоа што ни се узурпира и таа минута време за платено политичко рекламирање која што законски ни следува!“, велат од Левица.

„Со ваквиот тенденциозен чекор на АВМУ, на само неколку дена пред официјалниот почеток на изборната кампања, ни е нанесена непроценлива нематеријална и материјална штета како учесници во изборниот процес, а сериозно е доведен во прашање и кредибилитетот на целокупните избори во кои независните кандидати, поддржани од група граѓани, спротивно на закон, не се третираат еднакво и, отворено и противзаконски, се фаворизираат кандидатите на големите политички партии, преку нивните експоненти-членови во ДИК и во АВМУ“.

„Левица, како оштетена странка, порачува дека нема да запре тука со своите правни инструменти и против сите членови на АВМУ и на ДИК, поименично, ќе поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, а ќе побара и времена мерка за изрекување судска забрана за исплата на средствата за изборната кампања на сите потврдени независни претседателски кандидати“.

„Дополнително, ќе иницираме и граѓански спор за оштета во кој ќе бараме солидарна одговорност на сите членови на Советот на АВМУ за материјалната штета што ни е нанесена, а која се брои во милионски износ“, рече претседателот на Левица, професорот по римско право Димитар Апасиев.

Remote video URL
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Read more

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе