Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен-плочата на НОБ во Охрид

Фирмата „Нефи Ик“, тендер партнерот на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, пред својата дивоградба во Охрид ја искрши и отстрани спомен-плочата на Охридскиот судски процес во кој на 26 и 27 ноември 1941 година беа осудени со казна затвор и смртна казна група комунисти, поради организирање вооружено востание на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор. За жал, никој од надлежните не реагира, велат од Левица.

„Кон крајот на август 2023 година, градежен инспектор утврди отстапување од проектот за реконструкција, го затвори градилиштето и донесе решение за отстранување на нелегалните доградби на објектот. Но, и покрај тоа градежните активности продолжија. Локалниот шериф, Нефи Усеини, не само што не постапи по решението на градежниот инспектор, туку се дрзна да ја отстрани спомен-плочата на борбата на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор!

И додека Левица организираше протести против бугарскиот фашистички клуб 'Цар Борис III', против глорификација на фашизмот, тука во непосредна близина на поранешниот бугарски фашистички клуб, деновиве е отстранет споменикот кој сведочи за антифашистичката определба на охриѓани и македонскиот народ воопшто.

Најзагрижувачки е што надлежните молчат. Молчи и Сојузот на борци, како и коалицијата СДС и ДПМНЕ, за атер на нивниот коалициски партнер ДУИ. Левица ги повикува надлежните веднаш да излезат на терен и да реагираат, а спомен-плочата да биде повторно поставена на истото место.

Не смееме да дозволиме историското минато на македонскиот народ и неговата антифашистичка борба да бидат заложници на дивоградбите на Нефи и на нечии лични интереси“, соопштуваат од партијата Левица.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Македонија

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе