Левица објасни зошто гласаше против Декларацијата за Украина

Синоќа со огромно мнозинство беше усвоена Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, но внимание привлекоа трите гласа „против“ оваа Декларација.

Единствени кое не ја поддржаа Декларацијата се двајцата пратеници на Левица, како и уште еден неименуван пратеник од друга партија. Но, пратениците на Левица однапред најавија дека нема да ја поддржат, а рекоа дека причините за оваа нивна одлука ќе ги објаснат за време на собраниската седница. Тоа и го направија.

„Најголем дел од луѓето мислат дека војната е од вчера, односно тие 8 дена откако почна војната. Не е од сега, туку е од 2014 година, а имаме ситуација да 8 години луѓето во Донбас се нон-стоп гранатирани и бомбардирани. Имаме 14 илјади цивилни жртви, од кои според Обединетите нации 81% се од страната на Донбас“, го почна својот говор пратеникот Борислав Крмов, еден од тројцата кои гласаа против Декларацијата.

„Клучен интерес на Македонија, како мала држава, е во вакви конфликти на големи сили да задржи неутралност. Ситуацијата е многу јасна: ако ние за тие цивили кои гинеле 8 години сме немале реакција, немаме сега морално право да донесуваме Декларација за жртвите кои сега се случуваат во војна. Поради горенаведеното, оваа Декларација е еднострана, го немаме моментот од 2014 година, од насилното рушење на власта во Украина, немаме 8 години убивање на цивили, го нема нивното константно кршење на права во Источна Украина. Пример е дека еден ден беше забранет рускиот јазик, беа подложни на асимилација и на крај, улогата на НАТО како главен провокатор и воен хушкач во оваа ситуација. Токму заради таа едностраност, ние како партија Левица нема да ја поддржиме оваа декларација“. заврши Крмов.

Remote video URL
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Македонија

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Read more

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Read more

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе