Левица понуди Македонски предлог за решавање на кризата во Франција

Политичката партија Левица објави нацрт предлог-решение со 5 точки како да се стави крај на кризата во Франција, каде изминативе денови толпа демонстранти кршеа и палеа низ повеќе градови.

„Левица со загриженост ги следи настаните изминативе денови во Франција и изразуваме жалење за насилствата и негативните последици што ги имаат врз сигурноста и стабилноста на државата и народот. Следствено, ја истакнуваме потребата за мирен и демократски дијалог, каде сите страни можат да ги изразат своите ставови и да преговараат посветено за мирни решенија“, почнува соопштението на оваа партрија, која во македонското собрание има два пратеника.

„Најостро ја осудуваме ескалацијата на состојбите и повикуваме двете страни час поскоро да најдат простор за дијалог како би се дошло до решение на кризата во овие моменти кога демократијата е цел на напади. Ја осудуваме полициската бруталност и прекумерна сила која се употребува врз народот кој го изразува своето демократско право на протест поради незадоволството од властите и третманот кон малцинствата, особено во оние реони од каде постојано стигнуваат поплаки за зголемена, систематизирана полициска бруталност врз сиромашната, работничка класа и малцинствата“.

„Имено, само во изминатава година, забележани се 13 убиени лица откако биле запрени поради сообраќајни прекршоци. Долг период се истакнуваат овие поплаки за полициска бруталност и дискриминација во овие области, особено против домаќинствата со пониски приходи од работничка класа и малцинства“.

„Статистиките велат дека младите, на возраст од 14 години, во овие области, стереотипно се втурнуваат во технички средни училишта каде се обучуваат за физичка работа или послабо платени работни места, наместо во училишта во кои ги подготвуваат учениците за универзитет“.

„За да се постигне фер решение, Левица ја нуди својата помош како медијатор во процесот на преговори во улога на олеснувачи на процесот на помирување. Нудиме нацрт за предлог-решение, односно т.н. 'Македонски предлог' до Франција, со цел прекин на немирите, водени од искуствата кои ги има државата Македонија:

1. Партиите се обврзуваат да обезбедат инклузивност во спроведувањето на овој договор преку консултации и координација со главните чинители во процесот;
2. Малцинските заедници Мароканци, Тунижани, Алжирци и останати народи кои се дел од колонизаторското минато на Франција, да влезат во Уставот на Франција како државотворен народ;
3. Јазик на кој зборуваат малцинствата од овие заедници и народи кои се дел од колонизаторското минато на Франција да се воведе на цела територија на Франција, како и во образовниот систем;
4. Нова територијална поделба во интерес на малцинските заедници  и останати народи кои се дел од колонизаторското минато на Франција, во духот на демократијата и европските вредности;
5. Партиите се согласни да го стават интересот на државата на прво место и ја повторуваат нивната определба за истрајност и за почитување на демократските принципи, во интерес на сите граѓани и сите заедници во државата, согласни да преземат чекори за надминување на постојната криза“, е предлогот на Левица.

На крајот порачаа декла „како партнери во градењето на заедничка иднина, силно апелираме Франција да остане на демократскиот колосек, а ние сме тука да помогнеме да го оствари тоа“.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Македонија

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Read more

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Read more

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Read more

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Read more
 

Вести

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Читај повеќе

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акумулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе