Левица: Претпријатијата во Демир Хисар користат нафтени деривати кои се опасни по здравјето

Јавните претпријатија во Демир Хисар користат нафтени деривати набавени од блиски фирми и донатори на СДС и ДУИ кои се опасни по животот и здравјето на населението, велат од политичката партија Левица.

„Иако навидум зелена општина со големи шумски пространства и 'чист воздух', Демир Хисар се труе со канцерогени честички, а властите и надлежните не направија ништо да имплементираат 'зелени' – алтернативни решенија за загревање на јавните објекти за кои се залагаат во нивните предизборни програми.

ЛО - Левица Демир Хисар направи едно мало истражување и дојде до фрапантни податоци кои велат дека неколку јавни претпријатија и установи во општината свесно го трујат населението со нафтени деривати кои ослободуваат тешки канцерогени материи кои се испуштаат во воздухот при нивното согорување. Освен тоа што претпријатијата користат штетни деривати за загревање во текот на зимскиот период, истите во зависност дали се раководени од централната или локалната власт, набавуваат деривати од фирми чии сопственици се блиски пријатели со раководните лица на партиите, па дури се и нивни донатори.

ЈЗУ Психијатриска болница 'Демир Хисар', користи канцероген мазут за кој троши милиони денари секоја година. Истиот го набавува исклучиво од 'Супертрејд', фирма на Владимир Стајиќ – семеен пријател на Заеви. Оваа установа согорува над 200 тони токсичен мазут годишно.

Државен Пазарен инспекторат – Демир Хисар користи екстра лесно масло како дел од групната набавка на ДПИ набавено од 'Пуцко Петрол' на Асмир Јахоски, кој е син на бившиот пратеник од ДУИ, Исмаил Јахоски.

Дирекција за Заштита и спасување – подрачно одделение Демир Хисар, користи околу еден тон екстра лесно масло набавено од 'Пуцко Петрол', кој важи за еден од најголемите донатори во ДУИ, а исто така нивниот сопствен е близок со раководството на партијата.

Агенција за катастар – одделение Демир Хисар, користи 30 тони екстра лесно масло, тендерска набавка од добавувачот 'Пуцко Петрол'.

Министерство за одбрана – оддел Демир Хисар, користи 5 тони екстра лесно масло, набавувач 'Пуцко Петрол'.

Пошта – Демир Хисар, користи над 5 тони екстра лесно масло набавено од 'Тритерпол Петрол', компанија која до 2019 беше во сопственост на близок пријател на Зоран Заев, воедно и донатор во СДСМ. Сега истата компанија е во сопственост на Љупчо Пецов на кој во 2014 година му беше изречена затворска казна од 9 години поради малверзации со трговија на Мазут (Предмет 'Керозин').

Освен што властите ја запоставија општината која е полна со депонии, ѓубре, нечисти улици, загадени реки и езера, успеаја да го загадат и воздухот со штетните нафтени деривати платени од џебот на граѓаните!“, велат од партијата.

реклама

Македонија

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе