Левица: Профитот ги убива човекот и природата

Приватизацијата на јавните капацитети и ресурси која, рака под рака, ги создаде капиталистичката и политичката елита во взаемност, продре во животите и до здравјето на луѓето, ги затру почвата, воздухот и водата, вели политичката партија Левица.

„Во секое уништување и искористување на природните ресурси и животната средина, во континуитет имаат удел канџите и стомаците на СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ - злосторници на олигархијата, слуги на профитот и против државата и народот! Нема сомнеж зошто трагично и предвремено згаснуваат човечки животи!

„Трудот и животот на секој човек и сѐ што го опкружува, непрестајно ја храни ненаситната алчност на домашните и странски паразити на капиталот. Оваа земја децениски се ограбува и труе, во неа профитот не се оданочува и слободно се излива, додека полнејќи ги џебовите на партиите од елитата, Република Македонија се полни со секаков отпад, независно дали од воен, медицински или некој друг извор, кој понатаму нѐ заболува и ни ја уништува иднината за следните поколенија“.

„Економскиот модел на партиите кои владеат, овозможува постојано збогатување на грбот на народот, и особено, предаторски се раководеле сите досегашни и тековни кризи како можност за максимизирање на профитот и затоа тие кризи и дополнително се генерираат“.

„Единствено со народна власт на партија без врски со олигархијата и со регулација на дејностите на економските сектори и конечно планирање на економијата - може првично здравјето на луѓето и животната средина да станат политички приоритети, за потоа да биде возможно решавање на состојбата“.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе