Левица: Талат Џафери плати парична казна за прекршување на Уставот

„Амнестиранатиот терорист со поддршка на неговите коалициски партнери СДС и ДПМНЕ, сега технички премиер Талат Џафери, плати парична казна откако Државната комисија за спречување на корупцијата утврдила прекршување од страна на Џафери на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Уставот на РМ, паралелно извршувајќи две неспоиви функции: парламентарен спикер и член на претседателство на ДУИ“, соопшти партијата Левица.

„Поведената постапка против Џафери е по иницијатива на Правниот сектор на Левица, кој уште во октомври 2022 година поднесе претставка до Антикорупциската комисија за утврдување на судир на интереси поради неспоивост на функции кај тогашниот претседател на Собранието на Република Македонија. Иако Левица побара да му биде наложено на Џафери да си даде оставка од функцијата претседател на Собранието на РМ, сепак Антикорупциската комисија, поради очекуваните притисоци и влијание, му изрекла само смешна парична казна на овој насилник и политички узурпатор.

Џафери, во свој стил, со години газеше по Уставот, дрско прекршувајќи ја императивната уставна одредба од чл. 67, ст. 3 од Уставот на РМ, која пропишува дека: 'Функцијата претседател на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија'.

Ова е само уште една потврда за корупцијата, своеволието и дрскоста на ДУИ и сега 'техничкиот премиер', а кои цели 23 години се толерирани и поддржувани од СДС и ДПМНЕ во нивното деградирање и рушење на македонската држава и институции.

Левица ги повикува граѓаните на претстојните избори да ја поддржат единствената партија која жестоко и со сите средства се спротиставува на канцерот на македонското општество - ДУИ - и жестоко да ги казнат нивните коалициони партнери и соработници СДС и ДПМНЕ!“, се додава во соопштението на партијата Левица.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе