Левица: Запрената истрага за екс директорката на Онкологија е доказ за непостапувањето на правосудните органи

Откако Левица побара одговор за кривичната истрага против поранешната директорка на Клиниката за онкологија, Симонида Црвенкова, која во 2011 година нанела штета на Фондот за здравство во висина од 350.000 евра – Јавното обвинителство одговори дека надлежниот обвинител после 4 години се откажал од кривично гонење, бидејќи делото кое ѝ се става на товар не било кривично дело кое се гони по службена должност, реагираат од оваа партија.

Во 2012 година, како што појаснуваат, МВР поднесува пријава за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, врз основа на утврдени неправилности, констатирани од извршената контрола на Клиниката за онкологија од страна на овластени лица од ФЗОМ, како и по извршениот надзор од страна на одделението за внатрешна ревизија при Министерството.

„Понатаму, делото кое ѝ се ставало на товар на поранешната директорка се преиначува во Несовесно работење во службата.

Иако согласно закон, двете кривични дела се водат по службена должност, сепак обвинителот до истражниот судија, после четиригодишна истрага, доставува допис дека се откажува од гонење со образложение дека делото не се гонело по службена должност, кој допис пак, судот го прифаќа и ја запира истрагата.

И покрај релевантните докази против неа, потпомогната од правосудните органи, поранешната директорка, која уште работи на Клиниката, не се соочува со правдата и на тој начин се дозволува криминалот во постапката за набавка на лекови на Клиниката за онкологија да се продолжи до ден денес“, истакнуваат од Левица.

Оценуваат дека зад уништувањето на здравствениот систем во Македонија стојат лица, имиња и презимиња, почнувајќи од поранешниот министер Венко Филипче – кои треба да ѝ се познати на јавноста и кои треба да одговараат за нивното соучесништво и профитирање на грбот на оние кои се борат за живот.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Македонија

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Read more
 

Вести

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе