Либан и Кувајт ја спуштија рампата за Barbie, тврдат дека филмот промовира хомосексуалност

Либан, кој некогаш се сметаше за еден од најлибералните делови на Блискиот Исток, го забрани глобалниот кинохит „Barbie“. Поконзервативниот Кувајт, исто така, најави дека филмот нема да се прикажува во кината бидејќи државата сака да ја зашти јавната етика и социјалната традиција.

Одлуката на Кувајт е донесена откако либанскиот министер за култура Мохамед Мортада соопшти дека државата ќе го забрани прикажувањето на филмот , а како причина наведе дека истиот ја промовира хомосексуалноста и сексуална трансформација, што е во спротивност со верските вредности.

Според странските медиуми, министерот Мортада ја ужива поддршката на милитантната група Хезболах, чиј лидер Хасан Насрала ја засили својата реторика против ЛГБТ заедницата, велејќи дека претставува непосредна закана за Либан и затоа државата мора да се соочи со неа.

Како што пренесува британски The Guardian, министерот побарал од либанската агенција за општа безбедност, која е под Министерството за внатрешни работи и, традиционално е одговорна за одлуките за цензура, да ги преземе неопходните мерки за да го спречи прикажувањето на филмот.

Ејмен Мана, директор на непрофитната граѓанска фондација „Самир Каси“, веднаш реагираше на ваквата одлука. Во изјава за Reuters, тој нагласи дека потегот за забрана на прикажување на филмот го заобиколил вообичаениот процес на цензура во Либан среде бран на нетрпеливост.

„Ова е дел од пошироката кампања предводена од Хезболах, христијанската крајна десница и други верски водачи во фокусирана кампања против ЛГБТ луѓето“, рече Мана.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе