КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да го гледате Barbie?
Барби не беше само уште едно парче пластика што имаше видно место во меѓу детските играчки. Тоа потсвесно скокоткање на љубопитоста исто така ја поттикна женската енергија да тежнее кон повеќе.
Десет дена по премиерата, мегапопуларниот кино хит Barbie заработи неверојатни 775 милиони долари. Само во САД и Канада филмот досега има инкасирано 350 милиони долари, а се очекува заработката да продолжи да расте.
Историски успех на Barbie – најголема заработка на бокс-офисот за жена режисер
Грета Гервиг влезе во историјата на бокс-офисот откако нејзиниот филм Barbie постигна најголема заработка во првиот викенд од прикажувањето за филм на жена режисер.