Лилард запиша 50 поени во неверојатниот пресврт на Портланд против Њу Орлеанс

Портланд Трејл Блејзерс по голем пресврт ги совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 125:124, а брилијантен беше Демијан Лилард со 50 поени кој ги реализираше победничките поени на 1,2 секунда пред крајот.

 

Со тоа Лилард стана четвртиот играч во историјата на НБА-лигата со 16.000 поени и 4.000 асистенции во неговите први девет сезони. Лилард им се придружи на Оскар Робертсон, Лери Бирд и Леброн Џејмс.

URL
URL

Од влегувањето во лигата во 2012 година, тој никогаш немал просек од помалку од 19 поени и 5,5 асистенции по натпревар во една сезона.

URL

Иако Блејзерс губеа со дури 17 поени разлика во последната четвртина, тие успеаја да направат скоро неверојатен пресврт и го забележаа својот петти триумф на последните седум натпревари.

Тие сега се во сооднос од 23-16, додека е прекината мини серијата на Пеликанс, кои имаат резултат 17-23.

Покрај тоа што постигна 50 поени, Лилард постигна и десет асистенции и шест скока, а го следеше и Гери Трент Џуниор со 22 поени.

Во редовите на Њу Орлеанс се истакнаа Брендон Инграм со 30, Сион Вилијамсон со 28 и Никеил Александар-Вокер со 20 поени.

Лос Анџелес Лејкерс ги совладаа Минесота Тимбервулфс со 137:121, а трипл-дабл учинок постигна Леброн Џејмс. Постигна 25 поени со 12 скока и асистенции.

Во редовите на актуелниот шампион беше и Монтрезл Харел со 25 поени, додека на „Волците“ не им помогнаа ни добрите игри на Карл-Ентони Таунс и Ентони Едвардс со по 29 поени.

Резултати:

Бостон Селтикс - Јута Џез 109:117

Чикаго Булс - Оклахома Сити Тандер 123:102

Хјустон Рокетс - Атланта Хокс 107:119

Мајами Хит - Кливленд Кавалирс 113:98

Филаделфија 76-ерс - Њујорк Никс 99:96

Портланд Трејл Блејзерс - Њу Орлеанс Пеликанс 125:124

Лос Анџелес Лејкерс - Минесота Тимбервулфс 137:121

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Кошарка

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе