Дербито на 21. коло во Премиер лигата имаше само интересен почеток, а потоа двата великана ги разочараа присутните, како и оние крај малите екрани.
Уште во 3. минута Каи Хаверц најави возбудливо дерби полно со голови откако ја затресе мрежата на Алисон, но по интервенција на ВАР неговиот гол беше поништен поради офсајд.
Од тој момент натпреварот влезе во крајно невозбудлива игра од страна на двата тима.
За одбележување е дебито на најновото засилување на „Сините“, украинскиот талент Михајло Мудрик, кој влезе во игра во 55. минута.
До крајот на натпреварот и двете екипи имаа некои шанси, но мрежите мируваа.
Мирољубивото реми не им одговараше ниту на едните ниту на другите. Така, сега двете екипи имаат по 29 бодови и се на делба на 8. место, со можност до крајот на колото на паднат некоја позиција. Воедно, нивното заостанување зад местата кои водат во Лигата на шампионите може дополнително да се зголеми, а сега изнесува 9 бодови.