Ливерпул ќе остане без огромна сума пари поради повредата на Кутињо

Барселона потврди дека на Филипе Кутињо ќе му треба операција на коленото по повредата против Еибар, а повеќемесечното отсуство не е само лоша вест за Каталонците, туку и за Ливерпул.

Имено, Бразилецот стана еден од најскапите играчи на сите времиња во јануари 2018 година кога потпиша за Барселона во трансфер вреден 142 милиони фунти.

На Ливерпул веднаш им беа исплатени 106 милиони фунти, а остатокот е обезбеден во форма на разни бонуси. Една од бонусните клаузули предвидуваше дека Барса ќе плати дополнителни 18 милиони фунти (20 милиони евра) откако Кутињо ќе одигра 100 средби од натпреварувачки карактер и беше скоро сигурно дека тоа ќе се случи оваа сезона.

Неговиот натпревар со Еибар беше 90-ти во дресот на Барса, што значи дека Бразилецот ќе треба да игра само уште десет натпревари за да може Ливерпул да собере значителна сума пари од бонуси.

URL

Сепак, повредата на менискусот е посериозна и се предвидува дека тој ќе паузира помеѓу четири и пет месеци, а скоро е сигурно дека тој нема да ги запише десетте натпревари на кои се надеваа во Ливерпул до крајот на сезоната.

Кутињо минатата сезона играше на позајмица за германскиот Баерн, со кого ја освои Лигата на шампионите, но ни тие на крај не сакаа да го откупат неговиот договор. Играше и за Интер од кој се пресели во Ливерпул.

Оваа сезона, 28-годишниот играч одигра 14 натпревари за Барселона на кои постигна три гола и запиша две асистенции.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе