Луда завршница на НБА дербито, на Ембид му беше поништен кош преку цел терен

Бостон Селтикс се потврди како најдобар тим во НБА лигата со тесната победа од 110:107 во дербито на Истокот, на гостувањето кај Филаделфија 76ерс.

Џејсон Тејтум постигна тројка за победа на 1,3 секунди пред крајот, а потоа Џоел Ембиид ја фрли топката преку теренот и погоди за продолжение, но се покажа дека доцнеше за дел од секундата и спектакуларниот кош беше поништен.

URL

Ембид постигна 41 поен со 12 скока, пет асистенции и три блокади, но кај домашниот тим двоцифрени беа само Џејмс Харден (21) и Тобијас Харис (19). Селтикси многу подобро ги распределија офанзивните задачи, а Тејтум ги предводеше со 26 поени. Бостон подобри на 44-17, а Филаделфија падна на 39-20.

Во Западната конференција се одигра и дербито во кое второпласираниот Мемфис Гризлис го совлада водечкиот Денвер Нагетс со 112:94, ограничувајќи го Никола Јокиќ на еден од најслабите настапи сезонава - 15 поени, 12 скока, три асистенции и три изгубени топки. Домаќините ги предводеше Џа Морант со 23 поени.

Remote video URL
Резултати:

Детроит - Торонто 91:95

Орландо - Индијана 108:121

Шарлот - Мајами 108:103

Њујорк - Њу Орлеанс 128:106

Мемфис - Денвер 112:94

Филаделфија - Бостон 107:110

Јута - Сан Антонио 118:102

Тагови
реклама

Кошарка

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Read more

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во ЛШ

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе