ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2022

Лука Станковски нов фудбалер на турскиот прволигаш Газиантеп

Македонскиот младински фудбалски репрезентативец Лука Станковски ги смени клупските бои и премина од редовите на скопски Работнички во турскиот прволигаш Газиантеп.

Станковски (19), денеска потпиша договор на 4 и пол години со можност за продолжување на соработката за уште една година, во присуството на раководство на Газиантеп, предводен од клупскиот претседател Џевдет Ак'нал.

„Имаше неколку понуди за Лука Станковски, но раководството на Газиантеп беше најупорно, понуди одлични услови и за клубот и за самиот фудбалер, а заеднички донесовме одлука дека тоа е вистинскиот клуб за Лука да продолжи да напредува и да се развива. Му посакуваме многу среќа, да се наметне со своите игри во Газиантеп и да го следи примерот на неговите поранешни соиграчи Елиф Елмас и Милан Ристоски, кои сега се стандардни членови на сениорската репрезентација на Македонија. Со својот квалитет Лука го заслужува токму тоа и веруваме дека многу брзо ќе го оствари“, изјави претседателот на Работнички, Драган Поповски, изразувајќи големо задоволство од реализираниот трансфер.

„Лука Станковски беше фудбалер кој внимателно го следевме. Тој има голем потенцијал за во иднина, кој е добро познат и во својата земја и во Европа. Среќни сме што додаваме толку важен млад талент во нашиот клуб. За овој трансфер нашите пријатели менаџери Фикрет Килеџи, Ерхан Озмен и нашиот извршен директор Ерхан Јуксек отидоа во Македонија и успеаја да го убедат и семејството и клубот на играчот. Мислам дека остваривме многу важен трансфер, кој посакувам да биде корисен за сите нас. Уште еднаш му посакуваме добредојде на Лука и му посакуваме успех“, рече претседателот на Газиантеп, Џевдет Ак'нал.

Работнички не ја откри сумата која ќе ја добие од турскиот клуб како обесштетување, но реномираниот вели дека се работи за 600 илјади евра.

Газиантеп е на средина на табелата во турската Суперлига со 28 бодови по одиграни 19 кола.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе