Лукаревска: Ако не направев тест, немаше да знам дека сум позитивна

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Вирусот навистина постои. Има многу асимптоматски случаи кои на некој начин претставуваат своевиден ризик во контактите со другите луѓе. Јас ако не го направев тестот, немаше да знам дека сум позитивна, вели директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во првото интервју за МИА дадено по нејзиното враќање на работа откако претходно самата обелодени дека е позитивна на корона вирусот.

Лукаревска, која немала никакви симптоми во текот на целиот период на лекувањето, апелира до граѓаните максимално да се грижат за сопственото и здравјето на другите и да ги почитуваат сите протоколи и насоки на Министерството за здравство кое, како што вели, дава се од себе за да се справи со вирусот.

– Шокирачки е да примиш вест дека си позитивен на коронавирусот, иако не очекував такво нешто. Кога отидов да се тестирам, бев толку релаксирана од исходот од тестот, но тоа е, што е. Немав никакви симптоми во текот на целиот период на лекувањето, дури со дел од здравствените работници со кои разговарав ми кажаа дека сум многу слаб преносител. Сите мои колеги и пријатели кои беа посочени во анкетата од моја страна, се негативни, вели Лукаревска.

Во интервјуто, Лукаревска зборува и за мерките што се спроведуваат преку Управата за јавни приходи, а се дел од пакетите владини мерки за справување со последиците од корона кризата. Најавува и контроли за мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари, поради дојави за одредени злоупотреби.

Целото интервју со видеоматеријал ќе биде објавено во текот на утрешниот ден.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе