Мај е месец на мастурбацијата – ајде да ја подобриме соло играта!

Пред некое време ми посочија дека мај е всушност месец на мастурбацијата (а не е ли секој месец?!), па почнав да мислам како би можела да помогнам кон оваа цел на општото добро во име на месецов.

И да, мај е веќе половина и поминат, но тоа не значи дека останатите денови од него не можеме да ги исполниме со интересни активности кои би ни донеле задоволство. Сакам само да кажам јасно дека би зборувала за женската мастурбација, бидејќи таму имам доста искуство (никогаш доволно). Веќе имам зборувано за добрите страни на мастурбацијата (ТУКА и ТУКА) и тоа дека таа како чин не е ништо срамно или страшно и дека треба да ја прифатиме во сета нејзина убавина, па затоа денес сакам да зборувам за неколку совети и техники кои можеби не ви текнале до сега.

Постојат различни типови на мастурбација кај жени, во однос на тоа кој дел од телото се стимулира- клиторална, вагинална, анална или комбинирана маструбација - и сите тие водат кон различен тип на оргазам. Иако не е албум со сликички, јас би ви препорачала (внимателно) да се обидете да ги соберете сите. За таа цел најчесто се користат прстите на едната (или двете) раце и/или некоја секс-играчка (доколку користите раце длабоко ви препорачувам да немате долги и остри нокти, за да не се повредите).

Направете си атмосфера за опуштање. Сите ја цениме ефикасноста на „едно набрзинка“, но, сега го славиме месецот на соло играта, па затоа ајде да посветиме малку повеќе време на себе. Пуштете си ја омилената музика, спуштете ги ролетните, запалете свеќи - која и атмосфера да ве асоцира на добар секс, направете си ја. Од нас, за нас. Бидејќи ако сами не знаеме да си ја погодиме, не може да очекуваме партнерите да знаат.

Земете си лубрикант. Некогаш полесно ни оди мислата да се „запалиме“, па може да нема потреба од него, но некогаш не е на одмет да се има. Лубрикант е задолжителен доколку се решите за анална игра.

Дајте си време и оставете го паметот да ви проталка. Мислете на што и да е што ви го разгорува тоа расположение. Најдобриот секс  што сте го имале до сега? Најдобриот секс што сакате да го имате? Некоја личност која неверојатно ве привлекува? Што и да е, оставете си време убаво да си влезете во таа фантазија и не се брзајте.

Разгорете ги  другите ерогени зони. Да, веројатно оргазамот ќе ви дојде од стимулирање на „јужното подрачје“, но нема ништо лошо во тоа да си ги разгледате и разгорите и другите ерогени зони - градите, половината, вратот, бутините. Соло играта не мора да значи дека мора да се скокне предиграта. Едноставно направете си ја сами. Посветете им малку внимание и на другите ерогени зони и телото ќе ви врати дупло.

Сменете ја редовната поза. Сите имаме најчеста поза за соло игра, но размислете дали би можеле да ја смените? Доколку редовната поза ви е да сте на грб, пробајте да седнете онака како што би седнале над партнерот, за да ги смените малку нештата. Пробајте можеби да седнете врз перница или да легнете на страна. Верувам дека имате и некоја друга поза која би ви ја разгорила имагинацијата.

И доколку ви треба уште стимул, размислете за порнографија или еротика. Нема ништо страшно во уживање и во порнографски или еротски содржини. Сигурно можете да најдете нешто кое ќе биде по ваш вкус без разлика дали е тоа нешто визуелно или можеби напишано. Може да се работи кои никогаш не би ги направиле во „вистинскиот живот“, а да ви ја стимулираат фантазијата доволно кога сте сами.

На крајот на денот, сите овие „совети“ се за постигнување на вашето задоволство. Така што модифицирајте ги слободно по тоа како на вас ви годи. Да не го оставиме месецот на маструбацијата неискористен, девојки! А и ништо лошо да ги практикуваме овие работи и во другите месеци од годината.

*Името на авторката на текстот ѝ е познато на Редакцијата на Kajgana.com

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Љубов и секс

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more
 

Магазин

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Читај повеќе