ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Мајката на Рабјо последна пречка за трансферот во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед се договори со Јувентус за трансфер на Адриен Рабјо за 15+5 милиони фунти. За да се реализира трансферот зелено светло треба да даде мајката на играчот, Вероника, која е и негов агент.

Во моментов, англиските медиуми ја нарекуваат единствена пречка за преселба на Рабјо во Манчестер Јунајтед.

Според Manchester Evening News, клубовите се согласиле Јунајтед да го ангажира 27-годишниот играч од средниот ред за 15 милиони фунти (17,8 милиони евра). Оваа сума може да се зголеми на 20 милиони фунти (23,8 милиони евра) преку бонуси.

Новинарот Фабрицио Романо ја потврдува оваа информација и пишува дека Јувентус не се меша во трансферот на Рабјо во Манчестер Јунајтед и е отворен за негова продажба, но англискиот клуб сѐ уште не успеал да се договори со агентот на играчот.

Минатата недела Јунајтед го прифати фактот дека мора да бара алтернативи за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг. Како што е наведено, Манчестер Јунајтед го следи Адриен уште од деновите на Луи ван Гал во клубот.

Договорот на Рабјо со Јувентус истекува во јуни 2023 година. Минатата сезона играчот од средниот ред настапи на 45 натпревари за клубот и имаше 2 асистенции, а не постигна гол. Актуелен репрезентативец е на Франција со 29 натпревари и 2 гола.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Фудбал

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Read more
 

Спорт

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе