Мајката на Роналдо му брани да се ожени со девојката?

Долгогодишната девојка на фудбалерот, Георгина Родригес наскоро би сакала да блесне во венчаница покрај Роналдо, но блиски извори на семејството тврдат дека таа желба можеби нема да се исполни поради мајката на славниот фудбалер.

Долорес Авеиро наводно е препрека меѓу Роналдо и неговата долгогодишна девојка. Манекенката и фудбалерот се заедно уште од 2016 година и имаат тригодишна ќерка. Покрај шпекулациите дека наскоро може да има свршувачка, изгледа шансите за тоа се мали.

„Тоа не зависи од мене, но се надевам“, изјави неодамна Георгина.

Шпанска Marca пишува дека токму од мајката на Роналдо зависи дали Родригес ќе добие прстен. Доверливи извори тврдат дека Долорес не ја сака Георгина за снаа, бидејќи смета дека е со него поради парите. Наводно, против тоа се и неговите сестри и братот.

Се претпоставуваше дека Долорес беше причина за раскинувањето на Роналдо со руската манекенка Ирина Шајк. Но, по раскинувањето, Ирина ги демантираше тие тврдења.

Јавно, мајката на Роналдо не е против Георгина, во неодамнешно интервју за Sporting ADN таа имаше пофални зборови за партнерката на Роналдо.

„Да, таа е многу добра девојка. Кристијано е добар татко, но има и луѓе како дадилки кои му помагаат. Имаат многу работа со четири деца. Без сомнежи, Георгина е голема поддршка“, изјави Долорес Авеиро.

Иако станува збор за коректна изјава, многумина сметаат дека покажува дистанца и недостиг на емоции кон девојката на познатиот фудбалер.

Роналдо и Георгина сега живеат во Манчестер, со ќерката и трите деца на Роналдо кои ги доби преку сурогат мајка.

Но, тоа што е сигурно е дека Роналдо многу го цени мислењето на Долорес која го одгледа како самохрана мајка, додека неговиот татко се бореше со зависноста од алкохол.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе