Македонија одигра нерешено со европскиот шампион Италија

Филип Здравески
/ 09.09.2023 / 22:44

Македонската фудбалска репрезентација и тоа како го поправи впечатокот од оние јунски натпревари и одигра 1:1 со актуелниот европски шампион Италија.

Фото: ФФМ

Селекторот Милевски почна со Димитриевски на голот, во одбраната Зајков, Муслиу и Манев, како латерални бекови Алиоски и Ашковски, во средниот ред Барди, Елези и Атанасов, а напред Елмас и Миовски.

Remote video URL

Италија почна земајќи го поседот и повеќе играше во првите дваесетина минути, а имаше и оправдано поништен гол поради офсајд.

Македонија прв пат се закани во 19. минута кога Алиоски нафрли за Миовски, но овој со глава го промаши голот.

„Аѕурите“ имаа повеќе обиди во првите 45 минути, но не успеаја да погодат. Затоа, само две минути по паузата студен туш за Македонија. По една лошо расчистена топка Барела погоди пречка, а одбиената топка Имобиле лесно со глава ја смести в гол.

Следуваше период каде Италија ја контролираше играта, не дозволувајќи Македонија да создава шанси. Но, тоа се смени кон крајот.

По неколку закани, во 81. минута Барди перфектно изведе слободен удар и израмни на 1:1.

Remote video URL

Нормално, Италија притисна за победнички гол, а 28-илјадната публика нервозно ги следеше шесте минути судиско надополнување.

Со овој бод Македонија има 4 бодови, исто колку и Италија.

Утре репрезентацијата патува за Малта, каде во вторник од 20:45 часот го игра петтиот натпревар во овие квалификации.

реклама

Фудбал

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Read more

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Read more

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Read more

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе