ФИФА РАНГ-ЛИСТА ФЕВРУАРИ 2024

Македонија со пад од три места на ранг-листата на ФИФА

Филип Здравески
/ 15.02.2024 / 13:26

Македонската фудбалска репрезентација од денеска е на 68. место на ранг-листата на ФИФА со пад од три места. Промената се должи на азиските и афричките репрезентации кои имаа континентални натпреварувања.

Поради Азискиот куп и Африканскиот куп на нации ранг-листата на ФИФА доживеа доста промени, но не и во топ 10. Таму останува сѐ по старо со Аргентина на врвот.

URL

Македонија, која е неактивна од ноември, не загуби бодови, но падна три места од 65-тото на 68. место. Падот се должи поради напредокот на ДР Конго, Зелен 'Рт и Узбекистан, кои претходно беа зад нас.

Најголем скок забележа Ангола од 24 места (сега 93.), потоа Катар со 21 (сега 37.) и Јордан од 17 (70.). Новите континентални шампиони Катар и Брегот на Слоновата Коска сега се на 37. односно 39. место.

Сите противници на Македонија во новата сезона од Лигата на нации, која почнува во септември, се послабо рангирани и тоа Ерменија 94. место, Фарски Острови 135-то и Латвија 136. место.

Шанса за Мкаедонија да освои бодови и да скокне некое место ќе има кон крајот на наредниот месец кога во Анталија ќе одигра две пријателски против Молдавија и Црна Гора.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе