МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ АЛЖИР 2022

Македонските спортисти ќе настапат во 10 спортови на Медитеранските игри во Алжир

По нецела година од две големи натпреварувања, Олимпијадите во Токио и Пекинг, македонските спортисти ги очекува настап на Медитеранските игри во градот Оран во Алжир од 25 јуни до 5 јули.

„Ова се натпреварувања на кои голем број наши спортисти имаат шанса да ги измерат силите со други натпреварувачи од големи држави. Во нормални услови тие би немале таква можност. Затоа Медитеранските игри за нас Македонија е многу важно натпреварување, изјави Владимир Богоевски“, спортскиот директор на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.

На минатите Медитерански игри одржани во Тарагона, Шпанија, Македонците се вратија со 6 медали, сега целта е поголем број одличја.

„Се надеваме на поуспешни настапи и поголем број медали“, додаде Богоевски.

На синоќешната прес-конференција организирана од страна на Олимпискиот комитет, присуствуваа и дел од спортистите. Најпознат од нив е теквондистот Дејан Георгиевски, освојувачот на сребрен медал од последната Олимпијада.

„На претходните Медитерански игри освоив сребро, сега одам да освојам златен медал. Се надевам на повеќе медали од целиот наш тим, да бидат барем повеќе од 10“, рече Георгиевски кој заедно со каратистката Симона Заборска ќе го носат македонското знаме на свеченото отворање.

Remote video URL

Македонската делегација ќе брои 114 лица, од кои 77 спортисти кои ќе се претстават во 10 спортои: ракомет (мажи и жени), одбојка (мажи и жени), теквондо, џудо, карате, борење, пливање, стрелаштво, атлетика и мечување.

На Игрите во Оран се очекува да присуствуваат 3.390 спортисти.

Македонската експедиција на Игрите во Алжир замина синоќа во 21 часот со чартер-лет.

реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Останати спортови

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more
 

Спорт

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе