Макрон: Ако Русија употреби нуклеарно оружје во Украина, Франција нема да одговори

Б.С.Б.
/ 14.10.2022 / 08:37

Францускиот претседател Емануел Макрон се соочи со критики од НАТО сојузот откако изјави дека нема да одговори со нуклеарно оружје ако Русија употреби нуклеарен арсенал против Украина или регионот.

Во интервју за France 2, Макрон изјави дека нуклеарната доктрина на Франција е основа на темелни интереси на нацијата и не би требало директно да бидат погодени ако на пример, дојде до балистички нуклеарен напад на Украина или регионот.

Ретко е лидерите на земји кои поседуваат нуклеарно оружје експлицитно да кажат кога таквото оружје ќе се користи поради децениски старата теорија за одвраќање низ стратешка двосмисленост, со цел да не им се даде можност на противниците за развој на потенцијален план за можни напади.

„Претседателот на Франција говори за себе. Мислам дека нашиот избор е осуда на реториката на Путин, но и подготовка. Не би го коментирала тоа со ‘да’ или ‘не’“, изјави Касја Оленгрен, министерка за одбрана на Холандија.

Франција е една од трите членки на НАТО кои поседуваат нуклеарно оружје и е клучен дел од западното одвраќање на Русија.

Макрон со говорот ги изненади присутните на состанокот на министрите за одбрана на НАТО членките во Брисел, посветен на дискусиите за нуклеарно планирање.

„Не сакаме светска војна. Помагаме Украина да се одбрани, без намера да ја нападнеме Русија. Владимир Путин мора да ја запре оваа војна и да го почитува територијалниот интегритет на Украина“, истакна Макрон.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе