Макрон: ЕУ и САД да се откажат од 5% од вакцините и да ги дадат на Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика другите европски земји и САД да се откажат од пет проценти од залихите со вакцини против COVID-19 и да ги насочат кон земјите во развој во Африка, предупредувајќи дека посиромашните земји плаќаат „астрономски цени“ за вакцините произведени на Запад.

Макрон рече дека сегашната, нееднаква распределба на дозите претставува „забрзување на глобалната нееднаквост без преседан“ и предупреди дека некои земји вакцините ги наплаќаат двапати или трипати повеќе отколку земјите од Европската Унија.

– Стотици милиони вакцини се дадени на богатите земји, а во сиромашните земји не е ниту почната дистрибуцијата. Тоа е кулминација на глобална нееднаквост без преседан. Неприфатливо е достапноста на вакцините да е условена со местото каде што живеат луѓето, рече Макрон за Financial Times пред состанокот на земјите членки на Г7.

Макрон додаде дека нерамнотежата е „политички неодржлива“ и предупреди на можноста за „војна на влијание поради вакцините“, истакнувајќи дека Кина и Русија ги нудат своите вакцини на земји што немаат доволно.

Тој смета дека одлуките на европските земји и САД за пренасочување мал дел од нивните залихи нема да влијаат на масовната вакцинација во тие земји.

„Не зборуваме за милијарди дози или милијарди евра. Треба брзо да дадеме 4-5 проценти од дозите што ги имаме. Тоа нема да ги промени нашите кампањи за вакцинација“, истакна Макрон.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Свет

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more

Папата ги повика владите на демографски политики: Не недостигаат кучиња и мачки, туку деца

Read more

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Read more

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Read more
 

Вести

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе