Макрон: Вакцината против COVID-19 ќе биде јавно добро, нема да припаѓа никому

Донаторската конференција организирана од ЕУ за борба против коронавирусот започна попладнево, бројни земји ширум светот најавија милиони финансиска поддршка за наоѓање третман и вакцина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Отворајќи ја конференцијата, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека нејзината институција ќе придонесе со една милијарда евра за иницијативата за борба против новиот коронавирус.

Првичната цел на оваа донаторска конференција е да се постигне сума од 7,5 милијарди евра. Шефовите на држави и влади на земјите во светот се јавија преку видеоврска да објават со колкав износ планираат да учествуваат во глобалниот напор за наоѓање третман и вакцина против COVID-19.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, најави придонес од 1,2 милијарди евра и порача дека вакцината, кога ќе биде развиена, мора да биде јавно добро.

– Легитимно е земјите да го штитат своето население, но ова можеме да го надминеме само заедно, преку соработка во ЕУ, меѓу државите, со вертикалните организации и докажани чинители од фармацевтската индустрија. Оваа вакцина кога ќе биде достапна ќе биде светско јавно добро, таа нема никому да припаѓа, а тие што ќе ја измислат се разбира ќе бидат наградени, рече Макрон повикувајќи ги сите земји и меѓународни организации и фондации да учествуваат.

Повеќето лидери кои се обратија на донаторската конференција инсистираа на важноста вакцината да биде достапна за најранливите граѓани и најзагрозените земји во светот, посебно на африканскиот континент.

За шпанскиот премиер Педро Санчез е клучно оваа борба да се темели врз социјална правда, наука, соработка меѓу земјите и да се намалат нееднаквостите.

– Мораме од ова да излеземе без никого да оставиме зад нас, мораме да создадеме трајни структури кои ќе овозможат справување со идни инфекции, оваа криза обелодени нешто важно: не само што сме ранливи како луѓе, туку сме поранливи колку повеќе сме необединети, истакна Санчез.

Европската унија ќе соработува со Светската здравствена организација и другите релевантни здравствени организации, како на пример Коалицијата за иновативна подготвеност за болести.

Африка исто така ќе биде врвен приоритет во справувањето со вирусот, порачаа лидерите.

„Донаторскиот маратон“, како што го нарекува Европската комисија, треба да вроди со вакцина која ќе може да се дистрибуира во секој дел од светот за достапна цена. Со ова ЕУ се позиционира уште еднаш како сила која верува пред сѐ во мултилатерален пристап пред предизвиците.

На апелот на ЕУ одговорија речиси сите големи земји низ светот, и бројни помали, со исклучок на САД и Русија.

Од Западниот Балкан учествуваше само Србија. Премиерката Ана Брнабиќ се заблагодари за помошта на ЕУ што ја доби нејзината земја и најави дека Србија ќе придонесе два милиони евра во оваа иницијатива, од кои еден милион за развој на вакцина, и еден милион за Светската здравствена организација за зајакнување на здравствените системи ширум светот, изјави Брнабиќ. 

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе