Марс, доаѓаме: Perseverance полетува задутре

МИА/КАЈГАНА
/ 28.07.2020 / 11:37

Вселенскиот ровер Perseverance в четврток ќе полета кон Марс, соопшти американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА.

„Подготвени сме да почнеме!“, изјави директорот на вселенската агенција, Џим Брајденстин пред новинарите. Лансирањето е закажано за четврток, 07:50 часот по локално време, од космодромот Кејп Канаверал на Флорида.

Одговорниот за проектот, Омар Баец, нагласи оти на лансирањето работи од дома.

Remote video URL

Претходните американски ровер-мисии покажаа дека животот на Марс е можен, т.е. дека постојат поволни услови за живот (јаглерод, вода и поволна клима).

„Но, сѐ уште не знаеме дали има живот на Марс и со оваа мисија, која се планира од 2012 година и е наречена Марс 2020, ќе се обидеме да одговориме на тоа прашање. За прв пат во историјата, НАСА посвети мисија на астробиологија – истражување на животот – можеби сегашен или поранешен, на друг планета“, рече Брајденстин.

Remote video URL

Роверот Perseverance требаше да биде лансиран на 17 јули, но поради технички проверки, тоа беше одложено за две недели. Роботот со големина на мал автомобил ќе бара знаци на живот и, можно постоење на микроби на Марс – сега или во минатото. Натаму, ќе има и проучување на климата и геологијата, односно ќе се собираат примероци од карпите и од почвите.

Remote video URL

Досега само Американците успеаја да спроведат подолги мисии со ровер на Марс, наречени „Pathfinder“, „Spirit“, „Opportunity“ и „Curiosity“ – кој е единствен кој е уште во функција.

Кина исто така, работи на своја ровер-мисија на Марс. Возилото-робот со четири тркала, под назив Tianwen-1 беше лансирано минатата недела, а слетувањето се предвидува во мај следната 2021 година. 

URL
реклама

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе