Илон Маск започна интересна онлајн расправија со Марк Закерберг.
Сопственикот на Twitter, Илон Маск, започна расправија со шефот на Facebook, Марк Закерберг, исмевајќи ја неговата компанија Meta, која се обидува да лансира платформа за „микроблогирање“ за да му се спротивстави на Twitter.
„Сигурен сум дека Земјата едвај чека да биде само под власта на Закерберг без други опции“, напиша Маск на Twitter, пренесува Politico.
Тој додаде дека е за „борба во кафез“ со сопственикот на Facebook, „ако и тој е за тоа“.
Закерберг наводно одговорил на Instagram, каде напишал: „Прати ми ја локација“.
Преписката продолжи, а Маск ја објави локацијата - Vegas Octagon и напомена дека има и посебен потег „Морж“, со кој само легнува на противникот и не прави ништо.