Маск ќе ги брише неактивните Twitter профили, се побунија Тејт и Цукалос

Илон Маск, сопственикот и извршен директор на Twitter најави дека оваа мрежа ќе ги отстрани сметките што се неактивни веќе неколку години. Додаде дека корисниците може да забележат пад на следбениците.

Според политиката на Twitter, корисниците треба да се логираат на нивната сметка најмалку еднаш на секои 30 дена за да избегнат трајно отстранување поради продолжена неактивност.

Профилите нема да бидат избришани засекогаш, туку, како што Маск одговори на еден коментар, „ќе бидат архивирани“.

URL

Претходно овој месец, Маск се закани дека Twitter профилот на Националното јавно радио ќе го префрли на друга компанија, откако јавниот радиодифузер престана да објавува содржини на своите 52 официјални канали на Twitter во знак на протест поради ознаката на Twitter што подразбира вмешаност на владата во нејзината уредувачка содржина.

Минатиот месец Twitter ја отстрани сината птица од профилите на илјадници луѓе, вклучително и познати личности, новинари и истакнати политичари.

Маск ја направи верификацијата на сметката дел од претплатата на Twitter Blue, потег што тој рече дека ќе го реши проблемот со бот профилите на социјалната мрежа.

Најпознатиот светски уфолог, Џорџо Цукалос, го обвини Маск дека „ја брише историјата“. „Значи ти си бришач на историјата. Токму како што ја укина можноста за превод од латински. Vivat linguam Latinam! (Да живее латинскиот јазик, заб. на прев.)“, коментираше авторот на мегапопуларната документарна серија „Ancient Aliens“.

URL

Се побуни и Ендрју Тејт кој ја поздрави идејата, но побара подетална анализа на нењактивните профили.

„Многу добреа идеја. Но, татко ми почина и јас сѐ уште редовно го читам неговиот профил. Те молам острави го активен“, напиша Тејт и собра над 77 илјади допаѓања.

URL
Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе