Маск воведува месечна претплата од 8 долари за сината птица на Twitter

Илон Маск рече дека Twitter ќе наплатува по 8 долари месечно за корисниците на Twitter кои сакаат да имаат сина птица до нивното име, што всушност означува дека се работи за потврден профил.

Сината птица до корисничкото име - обично за личности од висок профил - моментално е бесплатна. Критичарите сметаат дека воведувањето на надокнада би можело да ја отежни идентификацијата на веродостојните извори.

Маск, најбогатиот човек на светот, истакна дека претплатените корисници ќе имаат приоритет во одговорите и пребарувањата, а двојно помалку реклами. Не прецизираше кога ќе започне наплатата.

„Моќ на народот! Сино за 8 долари месечно“, напиша милијардерот на Twitter, критикувајќи го стариот метод на проверка на сините птици како „систем на господари и селани“.

URL

Некогашниот Twitter метод за верификација на корисниците за сина птица вклучуваше кратка онлајн пријавница и беше резервиран за оние чиј идентитет бил мета на лажно преставување, како што се познатите личности, политичарите и новинарите. Компанијата тоа го воведе во 2009 година откако се соочи со тужба во која беше обвинета дека не прави доволно за да ги спречи лажните профили.

Но, сега Маск се соочува со тежок предизвик додека работи на ревизија на работењето на Twitter, кој со години не остваруваше профит. Рече дека сака да ја намали зависноста на Twitter од реклами, иако некои компании се загрижени за рекламирањето на оваа социјална мрежа под водство на Маск.

Воведувањето на оваа наплата предизвика лавина реакции од оние кои веќе имаат птица на сина позадина до нивното корисничко име, но тоа воопшто не го загрижи Маск кој им порача дека кукањеро им е бадијала.

„До сите што се жалат, слободно продолжете со кукање, сепак ќе чини 8 долари“, твитна тој ноќеска.

URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе